„Галерија“ меѓу најдобрите и за 2016-та

„Галерија“ меѓу најдобрите и за 2016-та

Град Скопје и Агенцијата SWOT Research по десетти пат извршија избор за најдобри трговски објекти, активност која што се реализира во рамките на проектот „Месец на трговијата”.

Наградите за најдобрите трговски објекти за 2016 година ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Истражувањата на проектот „Месец на трговијата” се спроведоа во текот на месец ноември, каде тајните купувачи по направената евалуација изготвија извештаи кои се изработени по одредените критериуми, како што се изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите.

SWOT RESEARCH преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговците според примарните критериуми и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои добија признанија за својот квалитет и престиж.

“Галерија” од своето постоење, односно изминатите години 8 години секогаш e помеѓу најдобрите.

Оваа година го освоивме второто место во категоријата „Компјутерска, аудио, аудио - видео и телекомуникациска опрема“

Каталог

04/21/2017
Проверете ги најновите намалувања на одредени продукти
ПОВЕЌЕ...