ЗА НАС

За нас

Пан Европа Л.Т.Д. е компанија основана во 1995 година. Од самото основање e овластен увозниk и дистрибутер на програмата на SONY Europe Limited.


Од 2007 година со одделувањето на SCEE-PlayStation од рамките на SONY Europe Limited станува единствен овластен увозник и дистрибутер на истата за територијата на Република Македонија и Косово. Во 2008 година Пан Европа Л.Т.Д. продолжува со доближување на производите од SONY и SCEE-PlayStation до купувачите со отварање на првата екслузивна и специјализирана продавница SONY Galerija на улица Мито Хаџивасилев Јасмин ( до Рамстор ), во центарот на Скопје.Во моментов имаме две ексклузивни продавници, во Skopje City Mall и во центарот на Скопје (Рекорд), каде што ги презентираме иновативните производи и врвните достигнувања од SONY, SCEE-PlayStation, BOSE, TCL и Allview. Од 2009 на територијата на Република Македонија го застапуваме и брендот BOSE, препознатлив за перфектно и професионално озвучување, како за домашна употреба, така и за високо професионално озвучување на деловни објекти, сали и секаде каде што е потребно звучно безпрекорно покривање.

Идни планови ни се проширување на палетата за волтна инсталација со формирање на изведувачки тимови и зголемување на асортиманот со уште неколку брендови.

Исто така, од неодамна го застапуваме и брендовите TCL, кој е глобален лидер во производство на LED панели, клима`уреди и апарати за домаќинство и Allview, европски бренд со кои на корисниците им нудиме телефони и таблети со висок квалитет и ниски цени.

Компанијата располага со сопствен магацин и деловен простор, како и сопствен возен парк за дистрибуција на производите низ целата територија на Република Македонија. Листата на коминтенти со кој соработува компанијата е голема и би ги спомнале само дел како Т-HOME,T-MOBILE и ONE.

Пан Европа Л.Т.Д. ги следи потребите на сите луѓе ширум државата. Ова име насекаде претставува гаранција за квалитет и доверливост. Нашиот фокус не е само врвната технологија на SONY, PlayStation, BOSE, TCL и Allview, ние сме посветени на тоа да и секој од Вас како наш корисник инвидуално ги почуствува придобивките на производите и поради тоа нудиме широк спектар иновативни но лесно употребливи производи и услуги.

Пан Европа Л.T.Д. е компанија на која може да и верувате. Нашата мисија е да обезбедиме на нашиот пазар светски познати производи, иновативни решенија, беспрекорна услуга и задоволни купувачи.

Каталог

08/15/2017
Проверете ги најновите намалувања на одредени продукти
ПОВЕЌЕ...